ГПС позиција во реално време
Прецизно позиционирање со приказ на радиусот на точност. Мапата може да те следи додека одиш по терен.
Отвораш мапа, ја гледаш својата позиција преку ГПС, кликнуваш на парцела и веднаш ги имаш податоците од е-Даноци. Внесуваш намена, карактеристики и слики директно на терен — и кога нема сигнал.
Апликацијата ја покрива целата патека: од ориентација во просторот, преку идентификација на парцелата, до внес на податоци и слики.
Прецизно позиционирање со приказ на радиусот на точност. Мапата може да те следи додека одиш по терен.
Каде е север и на која страна си свртен (0–360°), со калибрација на жироскопот и режим во кој мапата се врти по погледот.
Катастарски парцели, катастарски објекти и адресни податоци како вектори преку WMS, врз Google или OSM подлога.
Клик на мапа враќа КО и КП, а со тоа делови на парцелата, објектите, деловите на објектите и имотните листови со сопствениците.
Фотографија од фасада, влез или куќен број, врзана за објектот или за конкретниот дел, со координати и време на снимање.
Шифрарниците и плочките се кешираат на уредот. Записите се редат во локална редица и се праќаат штом ќе се врати сигналот.
Основниот слој служи за ориентација во просторот. Врз него доаѓаат векторските катастарски слоеви преку WMS.
Google (мапа, сателит, хибрид), OpenStreetMap и сателитска снимка од Esri.
WMS слој со граници на парцели. Кликот враќа КО и број на парцела.
WMS слој со контури на објектите што лежат на парцелата.
Интерен сервис врз Адресниот регистар на Град Скопје — се подготвува.
Апликацијата ја зема ГПС позицијата и ја центрира мапата со катастарските слоеви.
Клик на мапа ја идентификува КО и КП и ги повлекува деталите за парцелата и објектите.
Тип и адреса, карактеристики за проценка и ГПС локација — вредностите доаѓаат од шифрарници.
Записот со сликите оди во централната база. Ако нема сигнал, чека во редицата и се праќа автоматски.
Најави се со сметката добиена од администраторот. На мобилен уред додади ја апликацијата на почетен екран и работи како native.